Атлетико Минеиро ја освои титулата по половина век

Со гостинската победа од 3:2 против Баиа, фудбалерите на Атлетико Минеиро на два кола пред крајот на првенството ја обезбедија првата титула шампион на Бразил по 50 години.

Атлетико Минеиро сега има 81 бод, 11 повеќе од бранителот на титулата Фламенго кој има за одигрување уште три натпревара, односно максимални девет бодови.

За клубот од Бело Хоризонте ова е само втората титула во историјата, а досега единствената ја освоија во 1971 година.

Во интересниот натпревар одирган ноќта кон петокот по македонско време, Баиа водеше со 2:0 со головите на Луис Отавио во 62 и Жилберто во 66 минута, но гостите за само неколку минути направија целосен резултатски пресврт а стрелција беа Хулк од пенал во 73 и Кено во 74 и 77 минута.

„Ова е чудо, ја освоивме титулата по 50 години. И јас сум навивач, а не само фудбалер“, изјави по мечот Хулк кој со 18 голови е водечиот стрелец во првата бразилска лига.

Хулк се врати во татковината се врати во јануари годинава од кинески Шангај СИПГ, а претходно играше за Зенит, Порто, Токио Верде и Кавасаки Фронтале. Кариерата ја започна во бразилска Виторија од која во 2005 година како 19-годишник се пресели во Јапонија.

Играчите по враќањето од Салвадор на аеродромот ги пречекаа повеќе од две илјади навивачи, а славењето претоа се преселија на улиците Бело Хоризонте.