Спречен терористички напад на митинг на кој се обрати Ердоган

Турските безбедносни служби деактивирале бомба којашто требало да експлодира во градот Сиирт каде што се одржуваше митинг на кој учествуваше и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, соопшти во саботата заменикот претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), Хамза Даг.

Како што објави весникот Cumhuriyet, под автомобил на полицаец кој бил ангажиран во обезбедувањето на собирот била откриена бомба на далечински управувач. Во веста се истакнува дека експлозивната направа била откриена „во последен момент“ и уништена непосредно пред почетокот на обраќањето на Ердоган.

Сиирт се наоѓа во југоисточниот дел на Туриција, а претседателот пристигнал во градот во саботата за да им се обрати на своите приврзаници. Но како што објавија неколку турски медиуми, меѓу кои и агенцијата Demirören, бомбата била откриена и деактивирана не во Сиирт, туку во блискиот град Мардин.

„Експлозивната направа беше поставена под автомобил на полицаец која работи во Мардин, постоел план да биде разнесен кога ќе пристигне во Сиирт (…) Сакале да го уништат митингот. Има и такви кои сакаат да ја нарушат сигурноста и мирот“, во земјата изјави Хамза Даг за телевизијата CNNTurk.

Во Турција последната седмица се одржуваат паралелни масовни митинзи на поддрживачите на претседателот Ердоган и на неговите противници. Така во саботата во јужниот град Мерсин илјадници излегоа на улиците барајќи повлекување од позицијата на шефот на државата во заднината на силната девалвација на националната валута.

Од своја страна, Ердоган во говорот во Сиирт рече дека неговиот митинг е далеку попосетен отколку собирот на опозицијата. Претседателот ги повика сонародниците да ја задржат довербата во националната економија и вети дека ќе ја стабилизира состојбата. Според него, една од причините за растот на цените е силниот раст на на цените на суривините на светските пазари.

Од почетокот на годинава турската лира поевтини од 7,4 лири за долар на 13,9 лири, а на 26-ти ноември потона за 16 отсто во еден ден, што е рекорден пад во последните 20 години. Падот на курсот беше предизвикан и од одлуката на Централната банка на Турција од 18-ти ноември да ја намали есконтната стапка од 16 на 15 отсто. Ердоган, притоа, во телевизиско обраќање зборуваше за ново намалување на есконтната стапка, тврдејќи дека тоа ќе доведе до намалување на инфлацијата.

Опозициските челници го обвинија турскиот претседател за некомпетентност и повикаа на предвремени избири. Ердоган ја отфрли таквата иницијатива, наведувајќо дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат спроведени во планираните редовни термини во јуни 2023 година.