
Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
-Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето се поставува нов цевковод од полиетиленски материјал со профил ф63 мм во должина од 50 м. Исто така вклучува и поединечно преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија, пишува Пецаков на Фејсбук.