
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива и пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, во понеделник ќе се повлече од улогата координатор на заедничката пратеничката група и преку социјалните мрежи соопшти дека за тоа го извести собранискиот спикер Талат Џафери.
Според „Слободен печат“ можно е нов потпретседател на Собранието да биде токму Реџепи, откако Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство.
Изборот за потпретседател на Собранието од Алтернатива ќе биде меѓу Реџепи и пратениот Хусни Исманили.
„Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците“, се вели во објавата на Реџепи.