
Советникот од СДСМ во Советот на општина Гевгелија,Тодор Ристов, си поднел оставка од функцијата извршен директор на КК Кожуф од Гевгелија.
Во моментот кога дава оставка на сметката на КК Кожуф има 180.000 денари и долг од околу 5.000.000 денари кон правни лица и 3.000.000 денари за две неисплатени плати на играчите,стручниот штаб и останатите вработени. Вкупниот долг на КК Кожуф во моментов е околу 8.000.000 денари или 130. 000 евра.
Управата предводена од Тодор Ристов ги потрошила сите финансиски средства од општинскиот буџет и од ваучерот за 2021 годона.
Недомаќинското работење на оваа управа на КК Кожув започнало во 2018 година. Во периодот 2018 – 2021 година извршниот директор на КК Кожув Тодор Ристов во исто време е претседател на советот на општина Гевгелија. Во тој период во КК Кожуф од Гевгелија има несовесно трошење на финансиски средства без позначајни резултати и развој на младинските категори во клубот. Ова е уште еден пример како се злоупотребуваат спортските клубови за лични интереси на сметка на граѓаните.