
Донесена е Одлука за распределба на средства од Буџетот за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.
„Со 14,9 милиони денари предвидени со оваа програма ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари“, објавија од Владата во неделата на официјалниот фејсбук профил.