
Маж е приведен откако во понеделникот во акција на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје во неговара винкендичка во Катланово била откриена постројка за производство на наркотик.
Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, по што бил извршен претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во селото Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана.
Покрај тоа, запленети се и околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана.
Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.