
ВМРО-ДПМНЕ очекува да продолжи сработката со Алтернатива на локално ниво, откако оваа партија викендов и официјално објави дека станува дел од владината коалиција.
„Очекуваме советниците на партијата Алтернатива да продолжат да ги поддржуваат сите проекти кои што ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, бидејќи тие се значајни за граѓаните ако се има предвид поддршката која што ја дала Алтернатива на оваа најкриминална и најкорумпирана влада која што функционира во независна Република Македонија“, изјави портпаролот на ВМРО-ДППМНЕ Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.