
Кина во вторникот службено го осуди објавениот американски дипломатски бојкот на Зимските олимписките игри во февраури 2022 година во Пекинг и се закани со одмазда порачувајќи дека ќе преземе „решителни противмерки“.
САД во понеделникот објавија дека нема да испраќа дипломати во Пекинг на ЗОИ, како реакција од загриженоста на Вашингтон на состојбата со човековите права во Кина. Додадоа дека американските спортисти ќе учестуваат на игрите и оти ќе ја имаат целосната поддршка на администрацијата.
Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на редовниот брифинг рече дека Кина ќе преземе „решителни противмерки“, но не изнсесе повеќе поединости.
Жао притоа ги обвини САД за кршење на „политичката неутралност во спортот“ и рече дека предложениот бојкот е „заснован на лаги и шпекулации“.
Американскиот претседател Џо Бајден уште во октомври изјави дека размислува за таков дипломатски бојкот со цел да се истакне критиката за состојбата со човековите права во Кина, вклучително и за она што Вашингтон го нарекува „геноцид над малцинските муслимански Ујгури во западната кинеска покраина Ксинџијанг“.
Кина повеќепати ги отфрли таквите критики наведудвајќи дека само се казнуваат оние кои се вмешани во десетиците терористички напади кои имаат и сепаратистичка и радикална муслиманска задница. Исто така, Пекинг го критикува Вашингтон во врска со расизмот насочен кон црнечките и азијатските заедници во САД.
Односите, исто така, ги затегнат и поради обвинувањата дека Пекинг насилно ги задушува политичките слободи во Хонгонг, како и за загриженоста за кинеската тенисерка Пенг Шуаи, која со седмици ја немаше во јавноста откако обвини висок државен функционер за наводен сексуален напад. Женското тенисерско здружение минатата седмица ги суспендираше сите турнери во Кина поради „сериозни соменжи“ за безбедноста на спортистката.
На олимпијадите вообичаено се присутни високи претставници на властите, така претходно годинава правата дама на САД, Џил Бајден, ја предводеше американската делегација на летните олимписки игри кои се одржуваа во Токио.
Меѓутоа, во понеделникот на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека САД нема да продонесат за славењето на Олимписки игри. Рече дека неиспраќањето на официјална делегација во Пекинг „би можело да испрати јасни пораки“.
„Дипломатска и официјална делегација на САД не може да ги третира игрите како сѐ да е вообичаено со… неверојатните кршење на човекови права и злосторствата во Ксинџијанг. Тоа едноставно не го можеме“, рече Псаки но истакна дека владата не смета дека е исправно да се казнуваат спортитстите кои се подготвуваат за игрите.
Откако САД во понеделникот го објавија дипломатскиот бојкот на ЗОИ во Пекинг, се огласија и нивните пацифички сојузници Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Токио објави дека самиот ќе реши дали ќе испрати дипломатски претставници во Пекигн, што зависи од низа фактори. Камбера сѐ уште не донела одлука, а новозеландската влада го наведоа коронавирусот како причина поради која нема да испраќа диплонматски претставници на министестко ниво.