Макрон следната седмица во посета на Будимпешта и со Вишегрдската група

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја посети следниот понеделник Унгарја каде што ќе разговара со премиерот Виктор Орбан, а ќе учествува и на самитот на премиерот на земјите од Вишеградската група.

Унгарија е последната земја од Европската унија којашто Макрон ја посетува во рамките на турнеја која ја започна на својот петгодишен мандат.

Освен со унгарските функционери, францускиот претседател, како што во вторникот портпаролот на унгарскиот премиер Барталан Хаваси, „ќе се сретне и со премиерите на средноевропските држави, освен со унгарскиот и со полскиот, словачкиот и чешкиот, на самитот на Вишеградската група“.

По пристигнувањето во Будимпешта, Макрон ќе има и билатерална средба со унгарскиот претседател Јанош Адер, а потоа и со премиерот Виктор Орбен. Макрон е првиот француски претседател кој ќе ја посети Будимпешта од посетата на поранешниот претседател Николас Саркози во 2007 година.

Со челниците на Вишеградската група Макрон ќе разговара со приоритетите на француското претседавање со ЕУ, кое Франција го презема на 1-ви јануари, објави Елисејскиот дворец.

Француското претседавање со ЕУ ќе се совпадне со кампањата за претседателските избори во април и парламентарните во јуни 2022 година.

Како што објави Елисејскиот дворец Макрон во Будимпешта ќе разговора за некои приоритетни прашање на европско ниво, особено за климатската и дигиталната транзиција, јакнењето на европската одбрана, развојот на социјална Европа и европското управување со системот за азил и миграција.

Францускиот претседател, исто така, ќе разговара и за европските барања во сферата на правната држава и почитување на европските вредности, пренесува AFP. Агенцијата потсетува дека Унгарија е во судир со Брисел околу реформите на правосудството, медиумите, бегалците, невладините здруженијата и малцинствата.

Макрон, исто така, ќе се сретне и со претставниците на опозициските политички партии и ќе ѝ одаде почест на филозофката Агнес Хелер, дисидентка од времето на комунистичкиот режим, која почита во 2019 година во 90-та година од животот, а се смета за симбол на интелектуалниот отпор.