Путин порача дека Русија има право да ја брани својатa безбедност

Русија има право да ја брани својата безбедност но и причина да верува дека Украина би распоредила офанзивно оружје доколку влезе во НАТО, изјави рускиот претседател Владимир Путин во средата, ден по видео-конференциските преговори со американскиот претседател Џо Бајден.

Руските и американските функционери во различни ресори по вчерашниот двочасовен виртуелен самит, кој главно беше посветен на ситуацијата во Украина, итно ќе стапат на разговори за „оваа сложена, конфронтациска ситуација“, соопшти во средата Кремљ, а претседателот Владимир Путин најави дека за една седмица ќе испрати предлози за продолжување на разговорите.

Москва, исто така, препознава дека една од причините за најновото кревање на тензиите е посакувањето на Киев во преговорите за конфронтацијата на украинскиот југоисток да бидат вовлечени и САД, на што не се противи руската страна.

Меѓутоа, Русија нема да прифати вклучување на соседната Украина во НАТО, повтори Путин.

„Русија го споделува ставот на САД дека секоја земја има право да ги избира сопствените партнери, но таквите партнерства не смеат да бидат на штета на безбедноста на други земји. За жал, блокот НАТО ја избра конфронтацијата со Русија и западниот воен сојуз ја гледа Русија како противник“, изјави Путин.

Повторените сугестии од западот дека наводно Русија планира инвазија врз Украина, Путин ги оцени како „провокација“ и повторно предупреди дека Русија има право на одбрана.

„Русија води мирољубива надворешна политика, но има право да ја брани својата безбедност. А да се дозволи НАТО да се приближи на самите граници на Русија и притоа да не се реагира би било криминално“, рече Путин.

Рускиот претседател посочи дека имајќи ја предвид воинствената реторика од странана Украина во однос на Русија, Москва има причини да верува дека Киев ќе распореди офанзивно и стратешки опасно оружје по руската територија доколку соседната земја влезе во НАТО.

Путин разговорите со Бајден од вторникот ги оцени како „орвотени и конструктивни, и што е најважно тие отвораат можност за продолжување на дијалогот“.

Меѓутоа, во меѓународната јавност преовладува мислењето дека главниот чувствителен резултат од виртуелниот самите на кој очигледно двајцата челници по прашањето за Украина изразија спротиставени ставови.

„Претседателите се согласија да именуваат свои претставници кои итно ќе започнат расправа за оваа сложена конфронтациска ситауција, дискусија за стратешки прашања за безбедноста на континентот“, изјави портпаролот на Кримљ, Дмитриј Песков но не прецизираше кога и на кој начин ќе започнат разговорите меѓу двете страни.

Одделно, функционер на руското министерство за надворешни работи изјавил дека САД би можеле првпат да бида вклучени во групата земји кои работата на завршување на седумгодишниот конфликт меѓу силите под контрола на Киев и одметнатите самопрогласени проруски покраини. Агенцијата РИА пренесе дека фунционерот рекол дека не гледа прични зошто САД не би се придружиле на ткн Нормандска група коај ја сочинуваат Русија, Украина, Франција и Германија.