
Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 не успеа да дојде до триумф на гостувањето кај ППД Загреб, иако имаше големи шанси и водеше со три гола во 22. минута.
Домаќинот направи пресврт, славеше со 23-22 и го симна македонскиот првак на седмото место на табелата во групата А. Ова беше седми пораз во низа за „црвено-црните“во ЛШ во својата група пваа сезона.
Најдобар кај стрелците кај победникот беше Иван Чупиќ со пет гола, пред Давид Мандиќ со четири, додека кај вардарци Жереми Тото и Тимур Дибиров стрелаа по четири пати, пред Дарко Ѓукиќ кој реализира три пати.