
Советникот од Левица во Општина Карпош, Мартин Димоски, преку социјалните мрежи во четвртокот инкформираше дека е прекината Втората седница на Советот, откако четирите предлог одлуки за укинување на Деталните урбанистички планови „сѐ уште ‘патуваат’ до претседателот на Советот (веќе 13 денови)“.
Димоски притоа посочува дека на предлог на неговата партија биле усвоени четири точки за ревизија на два ДУП-а и забрана за издавање градежни дозволи за градби во рамките на тие детални урбанистички планови.
Преходно во понеделникот советникот, исто така, преку социјалните мрежи информираше за јавната презентација на 39 Детални урбанистички планови кои се изработени и отпочнати во мандатот на претходниот градоначалник Стефан Богоев.
Тогаш Димоски оцени дека ови ДУП-ови „го отвораат патот кон узурпација и дехуманизација на просторот наместо обезбедување на зелени површини кои се повеќе од потребни за граѓаните, кои пак се сѐ погласни во спречување на една нова бетонизација на овој дел од градот“.
„Од презентираните 39 детални урбанистички планови за Општина Карпош, она што може да се заклучи (меѓудругото) е следно:
11. Единствените големи површини со зеленило ќе останат во дел од Градски Парк и над Горно Нерези.
Речиси сите овие урбанистички планови се отпочнати во мандатот на Стефан Богоев, а најголем дел од истите се нарачани од градежни компании кои со години го силуваат Скопје“, објави Димоски.