
Македонското небо од денеска и официјално е приклучена кон воздушниот простор на НАТО алијансата, а за таа цел борбените воздухоплови Ф-16 и АВАКС ја демонстрираа мисијата, летаа и свечено ќе слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“, јавува МИА.
На настанот, како што е најавено, присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО-центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.