
Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја остварија шесттата победа во последните седум настапи, откако нивната прва ѕвезда За Морант го повреди коленото, а ноќта кон петокот на домашен паркет ги солвадаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:95, иако Леброб Џејмс го оствари својот стоти „трипл-дабил“ во кариерата со 20 коша, 11 асистенции и 10 скокови.
Така Леброн Џејмс стана петтиот играч во историјата на НБА лигата кој остварил троцифрен борј „трипл-дабл“ ефекти. Пред него тоа им успеа на Оскар Робертсон со 181, Меџик Џонсон со 138, Џејсон Кид со 107 и неговито сегашен соиграч Расел Вестбрук 184.
Лејкерс беа подобри во првата четвртинна, Мемфист се вратија во втората а сѐ до средината на третата делници гостите беа рамноправни. Тогаш Гризлис почнаа да се одлепуваат и до половината на последната четвртина создадоа предност од 16 коша.
Џејрен Џексон џуниор ги предводеше Мемфис со 25 коша, додека Дезмонд Бејн додаде 23 поени, со што го „покрија“ изостанувањето на главните играчи на надворешните позиции Џа Морант кој е повредени и Дилон Брук поради коронавирус-протоколот. По 12 коша додадоа Тајс Џонс и Де’Антони Мелтон.
Покрај Џејмс, уште само тројца играчи на Лејкерс имаа доцифрени остварувања. Ентони Дејвис постигна 22 коша, а Тејлен Хортон-Такер и Ејвери Бредли по 10 поени.
И „трипл-дабл“ оставрувањето на Никола Јокиќ, со 22 коша, 13 скокови и 10 асистенции, не им беше доволно на Денвер Нагетс на гостувањето во Сан Антонио каде што Спарс славеа со 123:111 прекинувајќи ја низата од два пораза.
Нагетс во „AT&T Center“ ниту еднаш не беа во водство, а Спарс до половината на втората четвртина дојдоа до предност од 18 коша. Денвер веќе до крајот на полувремето се спуштија на едноцифрено заостанување и се закануваа со пресвет сѐ до на три минути до крајот.
Деџунте Мареј за домашните постигна 20 коша со 9 асистенции и 8 скокови. Дерик Вајт додаде 23 поени, а Лони Вокер 21 кош. Најдеобар стрелец кај гостите беше Арен Гордон со 25 а Вил Бартон додаде 19 коша.
Единствената победа изминатата ноќ ја остварија Јута Џез кој со убедливи 118:96 ги совладаа Филаделфија 76ерс. До поливината на втората четвртина натпреварот беше израмнет, но гостите почнаа да се одвојуваат и пред крајот на дуелот дојдоа до максималмните 23 коша предност.
Во шестата последователна победа Јута Џез осум играќи впишаа двоцифрен број поени, а ги предводеше Донован Мичел со 22 коша. Руди Гобер имаше 17 поени и дури 21 скок, а по 14 коша впишаат Бојан Богдановиќ и Хасан Вајтсајд кои имаше и 10 скокови.
За поразот на домашниот тим придонесоа лошиот шут за „тројка“ – 6 од 33, како и инфериорноста во скокот 34-52. Џоел Ембид со 19 коша и 9 скокови беше најдобар кај Филаделфија за кои Сет Кари додаде 18 а Тобијас Харис 17 поени. Ова беше првиот пораз на Сиксерс по трите последователни победи.
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Бруклин Нетс 17 8 .680 –
2. Филаделфија 76ерс 14 12 .538 3 1/2
3. Бостон Селтикс 13 13 .500 4 1/2
4. Њујорк Никс 12 13 .480 5
5. Торонто Репторс 11 14 .440 6
Централна дивизија
1. Чикаго Булс 17 9 .654 –
2. Милвоки Бакс 16 10 .615 1
3. Кливленд Кавалирс 14 12 .538 3
4. Индијана Пејсерс 11 16 .407 6 1/2
5. Детроит Пистонс 4 20 .167 12
Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 15 11 ,577 –
1. Вашингтон Визардс 15 11 .577 –
3. Атланта Хокс 13 12 .520 1 1/2
4. Шарлот Хорнетс 14 13 .519 1 1/2
5. Орландо Меџика 5 21 .192 10
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 21 4 .840 –
2. Феникс Санс 20 4 .833 0 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 14 12 .538 7 1/2
4. Лос Анџелес Лејкерс 13 13 .500 8 1/2
5. Сакраменто Кингс 11 14 .440 10
Југозападна дивизија
1. Мемфис Гризлис 15 11 .577 –
2. Далас Маверикс 12 12 .500 2
3. Сан Антонио Спарс 9 15 .375 5
4. Хјустон Рокетс 8 16 .333 6
5. Њу Орлеанс Пеликанс 7 20 .259 8 1/2
Северозападна дивизија
1. Јута Џез 18 7 .720 –
2. Денвер Нагетс 12 13 .480 6
3. Минесота Тимбервулвс 11 14 .440 7
4. Портланд Трејл Блејзерс 11 15 .423 7 1/2
5. Оклахома Сити Тандерс 8 16 .333 9 1/2