15.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Снегот го затрупа патниот правец Пробиштип-Пониква, проблем за граѓаните

Имено, како што дознаваме од нашите читатели и од фотографиите кои што ни ги испратија овој патен правец, односно од малиот аеродром до црквата Св.Василиј е под надлежност на Општина Пробиштип, а камионот на македонија пат чисти само до аеродромот, но како што велат истите и таму не е целосно исчистено.

Инаку, туристичкиот комплекс Пониква на Осоговските Планини територијално го делат две општини, Kочани и Пробиштип, а се чини дека снегот овојпат ја изненади општината Пробиштип и не успева навреме да се справи со чистење на патот кој е под нејзина надлежност.