
Укината е забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, информираат од АМСМ.
Отворен за сообраќај е и регионалниот пат Дебар-Маврово.
Исто така, укината е забраната за патниот правец Струга – Ќафасан и сообраќајот е нормализиран.
Во 15:25 е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, а потоа е отворен за сообраќај патниот правец Кичево – Охрид, на планинскиот премин Пресека.
Забраните беа воведени поради врнежи од снег на повеќе места низ земјава.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.