Изминатиот викенд СВР Куманово санкционираше 34 возачи за брзо возење и 24 за возење под дејство на алкохол

СВР Куманово викендов санкционираше 34 возачи за брзо возење и 24 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, соопшти денеска полицијата.

„Во текот на изминатиот викенд (10/11/12 декември) на територија на Куманово спроведени се акциски контроли за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, како и санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, санкционирани се 34 возачи за управување со возило со брзина поголема од пропишаната и 24 кои управуваат возило под дејство на алкохол“, соопшти СВР Куманово.

Оттаму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови. Полицијата апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.