Северина нападната од антиваксери, а нејзиниот одговор е хит/ФОТО

Хрватската пејачка Северина на Инстаграм објави фотографија под која нагласи дека е вакцинирана, но тоа не им се допаднало на некои од нејзините следбеници. Сепак, пејачката брзо им одговорила и појаснила што мисли за таквите ставови.

На фотографијата Северина позира облечена во маица со натпис „Супермодел на 90-тите“ и чанта на која пишува „Vaccinated and ready to mingle“, односно „вакцинирана и подготвена за дружење“.

Сепак, нејзината фотографија не им се допадна на сите нејзини обожаватели токму поради чантата со натписот со која таа вели дека е вакцинирана.

„Сите кои се вклучени во присилната вакцинација, сите оние кои го поддржуваат инјектирањето на експерименталната вакцина – unfollow. „Зошто овој текст на чантата“, „Реклама за отров“, се само дел од реакциите кои ги доби Северина.

Сепак, хрватската пејачка брзо одговори и иронично појасни што мисли за ваквите ставови на нејзините обожаватели.

Сепак, хрватската пејачка брзо одговори и иронично појасни што мисли за ваквите ставови на нејзините обожаватели.

„Ковид не постои, земјата е рамна плоча, интернетот не постои, а ниту нашето допишување не е реално бидејќи сè е осмислено од Бил Гејтс. На паметните доста, а вие сте паметни“, напиша Северина.