
Новата варијанта на коронавирусот се шири низ светот со невидена брзина, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Случаи со омикрон досега се потврдени во 77 земји.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција изјави дека е загрижен бидејќи не се работи доволно на решавање на проблемите со оваа варијанта.
„Сигурно досега научивме дека го потценуваме овој вирус, дури и ако омикрон предизвикува помали тешки болести, голем број случаи повторно може да ги преплават неподготвените болници“, изјави тој.
Омикрон за првпат е идентификуван во ноември во Јужна Африка, а земјата оттогаш бележи зголемен бројна инфекции. Претседателот Сирил Рамафоса е позитивен на COVID-19 и е во изолација со благи симптоми.
Доктор Тедрос повторно изрази загриженост поради нееднаквоста на вакцините бидејќи некои земји веќе воведоа бустер доза како одговор на омикрон. Тој вели дека бустер дозите може да имаат важна улога во сузбивањето на ширењето на вирусот, но тоа не е прашање на приоритет.
„Редот е важен давањето бустер на луѓе со низок ризик од штетна болест или смрт едноставно ги загрозува животите на луѓето со висок ризик кои уште чекаат да за примарна доза поради ограничувања со снабдувањето“, рече тој.