Наумовски: Бугарија треба да ја оправда одговорноста што ја има како држава-членка на Балканот

Поранешниот амбасадор Васко Наумовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека вистинската победа за Бугарија во процесот на проширување ќе биде токму кога Македонија ќе ги започне преговоритре.

– Бугарија треба да ја оправда одговорноста што ја има како држава-членка на Балканот, но Радев се чини како се уште да ја завршува предизборната кампања и тој и останатите политички партии сега се во една ситуација кога не можат драстично да ја променат позицијата на краток временски рок и затоа е таа временска рамка од шест месеци. Во тој период ќе треба да се демонстрира еден видлив резултат о тие нови работни групи. Ако се пристапи во добар дух, може ќе се промени атмосферата.- вели Наумовски.