(ВИДЕО) Дурент го доби жестокиот дуел со Ембид

Бруклин го доби дербито со Филаделфија на домашен терен и на крајот славеше со 114:105, и тоа откако направи неверојатна серија во самата завршница од мечот кога резултатот беше изедначен.

На неполни две минути пред крајот, на семафорот стоеше 103:103, но тогаш на сцена стапи неверојатниот Кевин Дурент кој се налути од дуелите со ривалите и бесот го истури на вистинско место.

Дурент постигна девет поени во последните четири минути од мечот со Филаделфија и во одлучувачките моменти постигна два клучни коша, па со тоа го доби жестокиот дуел со Ембид и му донесе победа на својот тим.

Ѕвездата на Бруклин го заврши мечот со 34 поени, 11 скокови и 8 асистенции, па со завршниот блесок го надмина Ембид кој запиша 32 поени, 9 скокови и 6 асистенции.

Индијана – Детроит 122:113
Бруклин – Филаделфија 114:105
Хјустон – Њујорк 103:116
Феникс – Вашингтон 118:98

https://twitter.com/NBA/status/1471687847891521538?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1471687847891521538%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fdurent-se-razluti-i-go-dobi-zhestokiot-duel-so-embid-video%2F