
Омикрон варикантата на коронавирусот е забележана во 89 земји во светот и бројот на потврдените случаи на заразата се удвоијува за ден ипол до три во областите на пренос во заедниците, објави во саботата Светската здравствена организација (СЗО – WJO).
Омикрон сојот брзо се шири во замјите со високи нивоа на имунизираност на популацијата, но не е јасно дали тоа е поради способноста на вирусот да го избегнува имунитетот, неговата способноста за зголемена преносливост или комбинација од двете, наведуваат од СЗО.
Агенцијата на 26-ти ноември го изначи омикрон како варијанта којашто „предизвикува загриженост“, набрзо откако беше првпат идентификуван, а варијантата сѐ ушет не е доволно позната, како ни сериозноста на текот на болеста која ја предизвикува.
„И натаму се ограничени податоците за кличничката сериозност на омикрон. Повеќе податоци се потребни за да се разбере варијантата, вклучително и како не сериозноста на текот на болеста влијае вакцинирањето и постојниот имунитет. И натаму се ограничени досптапните податоци и нема проверливи докази за ефикасноста на вакцините или за ефикасноста врз омикрон“, се наведува во објавата на СЗО.
Оваа организација при ОН со седиште во Женева предупредува и дека во некои подрачја болниците може да бидат преоптоварени со вака брзиот раст на случаите на коронаинфекции.
„Хоспитализациите во Обединетото Кралство и во Јужноафриканската Република продолжуваат да растата и имајќи го предвид брзиот раст на случаите, можно е многу здравствени системи брзо да станат преоптоварени“, предупредуваат од СЗО.