
Следната седмица членките на НАТО ќе разговараат за предлозите на Русија во врска со безбедносните гаранции, но нема да ѝ дозволат на Москва да го одредува воениот став на Алијансата, изјави во неделата германската министерка за одбрана Кристина Ламбрејт во текот на посетата на германските војници распоредени во руската сосетка Литванија.
Русија во петокот објави низа предлози за постигнување договор со НАТО во врска со безбедноста во Европа, коишто вклучуваат и нераспоредување стратешко вооружување во земјите на руските граници како и редуцирање на баталјоните на НАТО од членките Полска, Естонија, Литванија и Латвија.
Москва сака и постигнување на правно обврзувачки гаранции дадени на почетокот од 1990-те при распадот на некогашниот Советски сојуз, за откажување од проширувањето на НАТО и запирање на неговите воени активности на истокот на Украина, Грузија и Кавказот.
„Мораме да ги решиме моменталните тензии на дипломатско ниво, но и да воспоставиме кредибилен систем на одвраќање. Тоа го подразбира фактот дека треба да разговараме меѓусебно“, изјави германската министерка за одбрана од редовите на социјалдемократие (SPD).
„Тоа значи дека дискусијата за предлозите претставени од Русија е исправно и важно, но невозможно е да ѝ се дозволи на Русија да им диктира на партнерите на НАТО како да се позиционираат. Тоа треба да биде јасно и ние многу јасно ќе го кажеме во текот на консултациите“, додаде Ламбрехт.
Таа, исто така, истакна дека нејзината прва посета како министерка намерно и со голема симболика е токму на Литванија.
„Ние стоиме цврсто крај нашите партнери и пријатели. Ние во НАТО сме подготвени решително и сплотено да се залагаме за безбеднсота на нашите сојузници“, рече Ламбрехт.
Германската министер истакбна дека Алијансата внимателно го следи развојот на ситуацијата во Украина. Западните земји ѝ се заканија на Русија со строги економски санкции доколку ја изведе наводната инвазија во Украина. Москва одговори дека само одговара на заканите по нејзината безбедност поради украинското трупање на војска во близина на линијата на раздвојување со побунетите рускојазични региони, а рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека руските „црвени линии“ подразбираат и распоредување на офанзивни стратешки воени системи на НАТО на руските граници по кои ќе мора да дејствува.