
дбалерите на Кадиз ја прекинаа победничката серија на мадридски Реал од седум последователни триумфи во шпанското првенство, отккао во 18-то коло на „Сантијаго Бернабеу“ одиграа без голови со водечкиот тим во Примера.
Реал нанижа вкупно десет победи во последните десет настапи, заедно со трите остварени во Лигата на шампионите.
„Кралскиот клуб“ беше надмоќен во текот на целиот меч, упати 36 удари кон противничкиот голм, но аргентинскиот голман Жеремаис Ледезма остана несовладан. Гостите имаа само четири шута и ниеден не одеше во голот.
Реал Мадрид и натаму има сигурна предност од шест бодови пред второпласираната Севлија и дури десет бодови повеќе од третопласираниот Бетис.
Атлетик Билбао со 3:2 го совалда Реал Бетис. Домашните поведоа веќе во 2 минута со голот на Инаки Вилијамс но веќе во 6-та израмни Хуанми. Гостите направија пресврт во 52 минута со голот на Набил Фекир, а Вилијамс со својот втор погодок вечерва израмни на 2:2. Трите бода за Баскијците ги донесе Оскар де Маркос во 89 минута.
Со поразот Бетис остана на 33 бодови и не успеа да го одржи чекорот со второпласираната Севилја. Атлетик Билбао е деветти со 24 бодови.
Хетафе на домашен терен со голот на Дарио Поведа во третата минута од судиското продолжение на натпреварот ја совлада Осасуна. Хетафе сега со 15 бодови е на 16-та позиција во групата тимови кои ќе се борат за опстанок. Осасуна со 22 бодови е 12-та и е седум бодови над загрозените тимови.