Сити се одлепува на врвот по ремијата на Ливерпул и Челзи

Во последниот неделен дуел од 18-то коло од англиското фудбакско првенство во Лондон, Тотенхем и Ливерпул одиграа 2:2, што му покрај ремито без голови на Челзи кај Вулвехремптон, му овозможи на водечкиот Манчестер Сити кој беше сигурен со 4:0 кај Њукасл ја зголеми разликата од другите претенденти на титулата.

Во дуелот во Лондон богат со голови и настани на теренот, Тотенхем дојде во предност веќе во 13 минута откако Хари Кејн го постигна само вториот погодик на домашен терен сезонава. По неколкуте нерезлизирани шанси на Спарс, во прв ред поради одличните интервенции на гостинскиот голман Алисон, Ливерпул израмни со убавиот погодок со глава на Диого Жота.

Ливерпул до пресврт и водство дојде преки Ендрју Робертсон во 69 минута, кога со глава погоди. Но во 74 минута Сон Хеунг-мин ја искористи грешката на Алисон кој прерано го напушти казнениот простор во обидоа го спречи брзиот Кореец кој лесно погоди за 2:2.

Мечот го одбележаа и два опасни старта и различниот критериум на судијата Пол Тирнеј, но едниот во 77 минута на стрелецот Робертсон беше казнет со црен картон, додека можеби и попогубниот на Кејн во првиот дел беше санкциониран само со жолт картон.

Во дуелот на Вулверхемптон и Челзи немаше погодоци.

Манчестер Сити на гостувањето на Њукасл Јунајтед со 4:0 ја оствари и осмата првенствена победа во низа, освојувајќи во последниет осумте кола ги освои сите 24 бодови со гол разлика 24:3.

Сити дојде до водство веќе во 5 минута преку Рубен Дијаз, водството го удвои во 27 минута Жоао Консело, а потоа стрелци беа и Ријад Марез во 63 и Рахим Стерлинг во 86 минута.

Сега Манчестер Сити има на врвот 44 бодови, три повеќе од второпласираниот Ливерпул а сега веќе шест пред третиот Челзи.

Тотенхме со овој бод има 26 бодови и е седми, со бод предност пред Вулверхемптон, а Њукасл со 10 бодови остана претпоследен со 10 бодови, три помалку од зоната на опстанок.