
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари средба во понеделникот со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто,
На средбата беше разговарано за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се креирање на подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Градот Скопје.
Договорено е да се интензивира соработката меѓу Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните.
Министерот Сијарто ѝ посака на Арсовска, која беше почесен конзул на Унгарија во земјава, успешна работа како градоначалничка на Скопје.