
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На патниот правец А2 Свети Николе -Миладиновци на 10 км пред Миладиновци поради свлечиште и голем одрон собраќајот се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 м.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.