СЗО порачаа дека откажан настан е подобар од откажан живот

Поради брзото ширење на омикрон, од Светската здравствена организација(СЗО) порачаа дека откажан настан е подобар од откажан живот.

Велат подобро е да откажеш сега и да славиш подоцна, отколку да славиш сега и да тагуваш подоцна. Од СЗО повикаа дека треба во 2022 година да ставиме крај на пандемијата и да се вратиме во нормала.

„Најбрзиот начин да го направите ова е сите ние, лидерите и поединците да ги донесеме тешките одлуки што мора да се донесат за да се заштитиме и себе си и другите. Во некои случаи тоа ќе значи откажување или одржување на настаните“, вели Тедрос Гебрејесус, директор на СЗО.

Омикрон се појави во Јужна Африка, а сега го има во стотици држави, и веќе е доминантен сој во Данска. Во 2022 година тој ќе биде доминантен сој во Европа.