
Руското министерство за здравство во средата регистрираше нови лек против коронавирусната болест Covid-19 во болнички услови наречен „МИР-19“ развиен од Федералната медицинско-биолоша агенција (ФМБА) во кој се полагаат надежи за справување со новата омикрон варијанта на коромавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.
Лекот е наменет за превенција или третман на зараза со коронавирусот преку вдишување или интраназално администритање.
„Министерството за здравство на Русија регистрираше лек за третман на новата коронавирусна инфекција ‘МИР-19’, развиен по нарачка на директорката на ФМБА, Вероника Скворцова, во Државниот истражувачки центар при Институтот за имунологија“, се неведува во објата на министерството.
Засега лекот е наменет само за употреба во болнички услови, додека американскиот лек за Covid-19 во апче кое исто така беше одобрен во средата во САД на производителот „Pfizer“ е наменет за лекување во домашни услови. Но рускиот регулатор посочува дека за по завршувањето на коплетното истражување, може да биде издадена дозвола „МИР-19“ да се продава во аптеките.
„МИР-19“ е всушност антидот против вирусот, се состои од две компоненти: активна супстанција – мали интерферентни рибонуклеински киселини РНК и носач – пептид. Дејството на лекот се заснова на употребата на микроРНК кои блокираат одредени делови од геномот на вирусот кои се одговори за копирањето на молекулата на SARS-CoV-2. Со тоа вирусот е оневозможен да се реплицира, а со тоа се спречуваат најтешките форми на заразата со коронавирусот, како и пневмонитис и синдром на акутен респиратенер дистрес како последица.
Во сегашната форма препаратот „МИР-19“ се вдишува со помош на инхалатор преку маска.
Досега не се пронајдени несакани ефекти од употребата. Скворцова истакнала дека научнциите ја докажале добрата толеранција и сигурноста на лекот и неговата предност на стандардната терапија.