
Тетовски полицајци денеска на градскиот плоштад приведоа 25 годишник кај кого се најдени 5000 парчиња пиротехника, поради сомнение за нелегална трговија.
-Во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства. Запленети се околу 5000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тетовската полиција во два случаи во текот на вчерашниот ден заплени над 2000 парчиња пиротехника.