118 години од печањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков

На 25 декември во 1903 година во Софија излегла од печат книгата “За македонцките работи” од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков.

Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој.

На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.