
Ноќта од петокот кон саботата, во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето што го покрива полициската управа на Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе-бар на булеварот „1-ви Мај“ и бар лоциран на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола.
Констатирани биле неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.