9.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Муцунски: МВР нема слух за барањата на Општина Аеродром

Министерствотпо за внатрешни работи (МВР) повторно нема слух за барањата на Општина Аеродром, откако претходните неколку денови активно работевме при организација на настанот за најсаканите „Најмладите за Аеродром“, настан кој собра многу дечиња на едно место, одлична забава за аеродромци, стои во фејсбук статусот на градоначалникот на оваа скопкса општина, Тимчо Муцунски.

Муцунски напиша дека и покрај позитивната енергија, честитките, забавата приредена од македонските артисти, повторно проблем со МВР.

„По повеќе од една недела официјално барање за затворање на булеварот Јане Сандански од пределот од Веро до ДежаВу не најдоа време за соодветен одговор… Во држава каде се блокираат раскрсници за најмали ситници, ние не добивме соодветен одговор и наидовме на разбирање од МВР за хуманитарен концерт. Со овој чин МВР ја загрози безбедноста на жителите на Општина Аеродром и доведе во ризик многу дечиња заради прометниот сообраќај на овој предел. Бараме најитно да престане ваквиот однос од страна на МВР и конечно да се воспостави професионална соработка за доброто на жителите од Општина Аеродром’, додава Муцунски во обајвата.