
Обновата на Гази Баба станува реалност! Попладнево бев на увид на градежните работи на асфалтирањето на крак од улица 1 во населеното место Колонија. Кракот е во должина од 220 метри, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој напиша дека во Гази Баба нема да има заборавени населени места и дека секаде ќе инвестираат.
– Со денешното асфалтирање во изминатите 60тина дена од мојот мандат на територија на општина Гази Баба се асфалтирани локални улици во должина од над 2000 метри, додава градоначалникот.