
Радикалното исламистичко движење Талибан, кое од 15-ти август повторни ја презема власта во Авганистан, усвои нови правила за возачите на автомобили коишто вклучуваат забрана за слушање музика и превезување жени кои не се покриени со муслиманската покривка за главата и лицето, пренесува во саботата локалната телевизиска станица Kabul News.
„Не слушајте музика и не употребувајте наркотички супстанции додека управувате со превозно средство. Не ставајте жени без хиџаб во автомобилот, не возете жени без придружа на машки роднина на растојание поголемо од 45 милји (72,4 километри)“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.
Од возачите, исто така, се бара да ги паркираат своите автомобили на посебно одредени места со цел да го изведуваат намазот (молитва), како и да пуштаат бради и да ги потикнуваат своите роднини и потомци да го прават истото.
Како што се прецизира, содветните правила ги разработило министерството за исламска промоција, ориентација, добро поведение…, кое го создадоа талибаните аналогно на телото кое постоеше во периодот меѓу 1996 до 2001 година кога управуваа со Авганистан, орган кој ја имаше функцијата на исламска етичка полиција.
Претходно ова ново министерство, формирано за да го замени министерството за женски прашања кое постоеше околу 20 години во владите во Кабул поддржувани од меѓународната заедница, воспостави и правила за организирање свадби, од кои едното забранува жива музика во текот на прославите. Покрај тоа, повторно воведената фактички религиозна полиција воведе и бројни правила за однесување на новинарите, и задолжително носење на хиџаб за телевизиските водителки.