
Вселенскиот телескоп „James Webb“ успешно е лансиран во саботата од Француска Гвајана, со што се отвора нова ера во истражувањата на Вселената.
Револуционерниот инструмент на американската агенција за вселенски истражувања NASA вреден 9 милијарди долари, полета во космосот со ракетата „Ariane 5“ од лансирната база на Европската вселенска агенциа (ESA).
Доколку се биде во ред, уредот со маса од 6.350 килограми по 26 минутен лет ќе се одвои од ракетата. Потоа на телескопот ќе му биде потребно околу еден месец да пристигне до својата дестинација во соларната орбита на околу милион ипол километри од Земјата, што е околу четири пати подалеку од Месечината.
Мисијата на „„James Webb““ е да ги дополни откритијата на вселенскиот телескоп „Hublle“, на кој по 31 година во орбитата му се ближи крајот. Телескопот ќе може да види подлабоко во космосот, а целта е да се видат и некои од првите ѕвезди и галаксијата кои се формирале. Исто така, ќе може да ја испита атмосферата и на одалечените планети за да се види дали има гасови кои може да водат кон присуство на живот.