
Семејното насилство значително се зголемило во Германија во текот на пандемијата на коронавирусот, според податоците на организацијата за поддржка на жртвите на овој вид насилство „Weisser Ring“.
„Забележавме зголемување на семејното насилство за околу 10 отсто во текот на 2020 година, и дури 20 отсто повеќе од 2018 година. И веројатно повторно оваа година ќе го постигнеме нивото од 2020-та“, изјави Јерг Цирке, шеф на Weisser Ring.
Волонтерита на оваа организација обработиле околу 17.000 пријавени случаи во 2020 година. Според Цирке, околу 20 отсто од сите случиа се однесуваат на семејно насилство, а 26 отсто се сексуални деликти.
Според него, работата на активистите ја потврдила претпоставката дека семејното насилство ќе порасне како резултат на пандемијата на коронавирусот и воведените рестрикции. Неколку седмици по „локдауните“ во 2020 и 2021-ва, според Цирке, бројот на повици за помош се зголемил, бидејќи жртвите на семејното насилство барале помош.
Така, бројот на повиците минатата година се зголемил за околу 20 отсто во однос на претходната 2019 година, односно имали за околу 4.000 повици повеќе и околу 22.000 вкупно. Се предвидува слично зголемување и оваа 2021 година.
Организацијата Weisser Ring пружила притоа 3.350 советувања, двапати повеќе во 2020-та од претходната година, а таму предвидуваат зголемување на овој податок за 10 отсто во оваа година.
Околу 80 отсто од жртвите на семејното насилство се жени, што е за 5 отсто повеќе отколу во 2020 година, наведува Цирке, истакнувајќи ги тешките животни услови во домот и во непосредната близина во текот на карантините.
Овие трендови, инаку, ги потврдува и полициската статистика во којашто е евидентирано 15-процентно зголемување на кривичните дела кои минатата година ги имало 150.000.