
Во првиот натпревар од божикната програма во НБА Лигата во саботата вечерта кошаркарите на Њујорк Никс во својата сала „Медисон Сквер Гарден“ ги совладаа Атланта Хокс с 101:87.
Целиот натпревар Никс беа во водсто против ослабените Хоукс, који уште еден дуел го одигра без повеќето свои важни играчи кои се наоѓаат во здравствениот и превентивен протокол. Натпреварот беше насочен уште од самиот почеток со 19:3 водството на Њујорк. Атланта, сепак, добро се држеше во текот на најголемиот дел од дуелот, но не го загрози празничното славје на домашните.
Кемба Вокер за Њујорк впиша божикен „трипл-дабл“ со 10 поени, 10 скокови и 12 асистенции, и покрај многу лошиот шут со 3 коша од 12 обида од игра и 2 од 9 за „тројка“. Најдобар кај домаќините беше Џулиус Рендл со 25 поени и 12 скокови, а Французинот Еван Фурние додаде 15 поени.
По 20 коша за Атланта постигнаа Џон Колинс и Делон Рајт, со тоа што Колинс имаше и 8 скокови ддоека Рајт имаше шут за „тројка“ 4 од 5.
Двете екипи дополнителни се приближија една на друга на табелата на Источната конференција. Атланта имаа сооднос меѓу победите и поразите од 15-17, а Њујорк 15-18.