Во Швајцарија ќе биде можна едноставна правна промена на полот

Швајцарците од 1-ви јануари ќе можат правно да го променат својот пол во матичните канцеларии, со што оваа земја се претвора во предводник на движењето за „родова самоидентификација“ во Европа.

Швајцарија им се придружува на Ирска, Белгија, Португалија и Норвешка, ретките земји на европскиот континент кои овозможуваат лицето легално да ги промени полот без хормонска терапија, медицинска дијагноза, дополнителни процени и други бирократски акти.

Според новите прописи впишани во швајцарскиот граѓански законик, лицата со навршени 16 години и повозрасните кои не се под законско старателство, ќе можат самите да поднесат барање за промена на полот и имињата во службата за матична евиденција. Помладите лица и оние под старателство на возрасните, исто така, ќе можат да го сторат тоа со согласнот од старателот.

Тоа претставува во однос на сегашните регионални прописи во Швајцарија кои често бараа потврда од медицински стручњак за трансродовиот идентите на поединецот. Некои кантони, на пример, бараат од лицето да се подложи на хормонска терапија или на анатомска транзиција за да се спроведе законската промена на полот, додека за промена на името може да се бара доказ дека новото име веќе неколку години било во неофицијална употреба.

Швајцарија, којашто често се доживува како главно конзервативна земја, во септември гласање на референдум за легализација на истополивите бракови и на истополовите двојки да им се овозможи посвојување деца. Една е од последните земји во западна Европа која го стори тоа.

Швајцарија со новите прописи за промената на полот им се приклучи на само дваесеттината земји во светот кои сакат да ја одвојат промената на полот од медицинските процедури.

Иако некои европски земји како Данска, Грција и Франција ги отстранија барањата за спроведувањето на медицинските постапки, вклучително и операциите за промена на полот, стерилизација или психијатриска процена, и натаму на сила се одредени услови.

Шпанија во јуни одобри нацрт-закон за легална промена на полот без медицински дијагнози или хормонска терапија за сите граѓани над 14 години. Германија, пак, во 2018 година стана првата европска земја коај ја воведе опцијата на третиот пол, но во јуни годинава одобри два закона за воведување родова самоидентификација. Трансродов пратеник во новиот Бундестаг најави дека ќе се занимава со тоа.