Момчето со самострел кое упадна во Виндзор задржано на психијатрија, се појави снимка со закана кон кралицата

Мажот вооружен самострел кој во неделата е уапсен по обидот да провали во дворецот Виндзор каде што кралицата Елизабета Втора го прослави Божик, е задржан според Законот за ментално здравјем, објави во неделата лондонската полиција, а истовремено се појави шокантно видео во кое маскиран маж со самосрел се заканува зо убиство на кралицата.

Полицијата соопшти дека 19-годишникот од Саутемптон во јужна Англија, бил запрен набрзо откако влегол на имотот на дворецот на божикното утро и дека не провалил во ниедна од зградите на дворецот Виндзор.

„Мажот е приведен и подвргнат на процена на менталното здравје а потоа е задржан на одделот за психијатрија според Законот за ментално здравје и останува под грижа на медицински лица“, соопшто Скотланд јард.

Во соопштението полицијата потврдува дека кај момчето е најден самострел/

Кралицата Елизабета, којашто поголемиот дел од пандемијата на короанвирусот го мина во дворецот Виндзор, таму ги минува и божикните пранизици со својот син принцот Чарлс, неговаа сопруга Камила и други членови на семејството.

Уапсениот тинејџер користел скалила од јажиња за да се искачи на металната ограда, наведува весникот Mail on Sunday.

Истовремено шокантно видео се појави на кое маж со самострел се заканува дека ќе ја „убие кралицата како одмазда за масакрот во Амритсар во 1919 година“. На снимката која дошла до таблоидот The Sun се гледа човек, за кој се смета дека е уапсениот тинејџер, кој држи црн самострел користи деформиран глас и упатува закани во камерата.

Претходно снимената порака, наводно ја испратил Џасвант Синг Чаил до неговите пријатели преку мобилната аплигација Snapchat, во 8,06 часот утрото по локално време на Божик, 24 минути пред младиот маж со самострел да биде уапсен од полицијата на територијата на дворецот Виндзор. Но полицијата сѐ уште не го откри идентитетот за јавноста на момчето упасено во 8.30 часот откако успеало да ја мине надворешната ограда.

На снимката се гледа фугура облечена во црна тренерка и бела маска за која се смета дека е инспираран од холивдската научнофантастична сага „Војна на ѕвездите“, со врамена слика на еден од негативците во франшизата Дарт зад него.

Мажот вели: „Жал ми е. Жалам за она што го сторив и што ќе го сторам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, кралицата и кралското семејство. Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во 1919-та во Џалијанвала Баг… Тоа е исто така одзмазда за оние коои биле убиени, понижени и дискриминирани поради нивната раса. Јас сим индиски Сик, Сит. Се викам Џасвант Синг Чаил, се викам Дарт Џонс“.

Скотланд Јард потврдиле дека детективите го истражуваат видеот како дел од истрагата во врска со божикниот инцидент.