Јокиќ и ја донесе победата на Денвер (ВИДЕО)

Денвер го победи тимот на Л.А Клиперс на гостински терен со 100:103, а повторно најзаслужен за триумфот на Нагетс беше Никола Јокиќ.

Српскиот кошаркар стигна до ефект од 26 поени, 22 скокови и 8 асистенции, што доволно говори за неговата доминација на теренот, а истовремено направи нешто што во НБА лигата не е видено од 1998 година.

За Јокиќ ова беше втор натпревар во серија со реализирани барем 20 поени, 20 скокови и 5 асистенции, а тоа последен пат му успеало на легендарниот Чарлс Баркли.

Бартон со 17 поени го следел Јокиќ во тимот на Денвер, додека Бледсо и Бостон со по 18 поени биле најефикасни во редовите на Клиперс.

Кливленд – Торонто 144:99
Сакраменто – Мемфис 102:117
Вашингтон – Филаделфија 96:117
Оклахома Сити – Њу Орлеанс 117:112
Сан Антонио – Детроит 144:109
Чикаго – Индијана 113:105
Л.A Клиперс – Денвер 100:103