Припадниците на овој хороскопски знак се најголеми слабаци

Припадниците на овој хороскопски знак се најголеми слабаци во Зодијакот. Тие се мрзеливи преку секоја мерка, а под нивната фасада се кријат слабаци што или не можат или не смејат да отпочнат или да направат нешто конкретно за себе си.

Рак

Мажите родени во овој знак зависат од мајчинската фигура и кога и да се случи нешто лошо, или кога работите не им одат како што сакаат тие трчаат кај мама за да ги утеши. Жените, од друга страна стануваат опседнати со децата и семејството и не им даваат да дишат поради нивната загриженост и опсесивни стравови.

Тие се зависливи, здодевни преку секоја мерка, кукавици што не смеат да одговорат на провокација или на некоја навреда, но затоа помнат со години и во тишина жалат за нивната тажна судбина и за тоа колку се несфатени и несреќни.

Тие се доста нејаки, без грам живот во себе, а постојано им е потребен некој да ги води и да им го покажува патот. Тие се неспособни да живеат и да функционираат сами, па кога ќе најдат некој партнер или партнерка им се закачуваат за врат и не им дозволуваат бегство. Како да побегнете од овие клешти? Плукајте по нивното семејство, тоа е исто како да сте им зариле прст во око.