
Мерките за намалување на загадувањето престануваат бидејќи мерните станици измериле помалку од 100 мг пм10 на м3 а границата за алармирање треба да надмине 150пм10 честички. Ова го соопштија службите на денешниот брифинг со Арсовска во Град Скопје.
Градоначалничката најави засилени инспекциски контроли наредните месеци и информираше дека за 50 дена откако стапи на функцијата исчистени и затворени се 50 диви депонии. Во изминатите две години нејзиниот претходник извршил само 5 надзори за животна средина.
Бесплатен јавен превоз ќе почне етапно за одредени категориии граѓани од 1 јануари.
Ноќните линии на ЈСП веќе се во функција.