
На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба“.
Двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво.
Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.