
Во текот на вчерашниот ден на ГП Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Македонија спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана.
Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.