
Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин телефонски во четвртокот доцна вечерта разговараа речиси еден час, а зголемените тензии околу Украина биле заднината за вториот ваков разговор на двајцата челници овој месец.
Повикот, одржан на иницијатива на Владимир Путин, траеше педесет минути, изестија американски функционери. Белата куќа и Кремљ подоцна треба да ги објавата соопштенијата за текот и темите на дијалогот.
Се очекуваше дека Бајден и Путин, покрај за Украина ќе разговарата за низа теми, меѓу кои и и за преговорите околу Иран околу негоата нуклеарна програма.
Русија е загрижена поради вооружувањето од страна на САД и НАТО на Украина со офанзивно стратешко вооружување и настојувањата на Алијансата воено да се појави на самите руски граници. Москва смета дека „црвена линија“ е проширувањето на НАТО во Украина и Грузија и предупреди дека ќе биде присилена да преземе соодветен одговор.
Москва, исто така, бара правно обврзувачки договор дека НАТО нема да се шири натаму на истокот, нема да распоредува трупи и нема да стационира оружје во Украина или која и да е друга соседна земја.
Руските и американските функционери кои ќе дискутираат по предлозите на Москва на 10-ти јануари ќе се сретнат во швајцарска Женева. По таа средба предвиден е и состанок на Совето НАТО-Русија на 12-ти јануари, како и поширока конференција на 13-ти јануари во коишто покрај Москва и Вашингтон ќе учествуваат и некои европски земји.