
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега со секвенционирање на вирусот Sars-CoV-2 детектиран е сојот омикрон само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија.
Утврдување на присуство на сој на вирусот Sars-CoV-2 се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, PCR тестирањето, односно детектирање на S-gene dropout може да биде само индикација но не и потврда дека пациент е заразен со сојот омикрон на Covid-19.
Досега на PCR тестови кај тројца пациенти позитивни на Covid-19, детектиран е S-gene dropout, но нема извршено секвенционирање, односно нема потврда дека се заразени со омикрон. Тестирањата им се направени во приватна болница, а станува збор за пациенти од Прилеп, Велес и Струга.
На пациентите им е направена епидемиолошка анкета и согласно протоколите ставени се во изолација лица со кои биле во контакт. Министерството за здравство апелира од воздржување и давање паушални изјави и непроверени информации кои ги доведуваат граѓаните во заблуда и шират паника меѓу населението.