
Во средата околу 20.00 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во селото Житоше, прилепско, 25-годишниот локален жител А.П. додека го чистел пиштолот на неговиот татко „М-57“ калибар 7,62 мм, испукал еден куршум и се здобил со повредa на ногата.
Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.