
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. Тој ги повика граѓаните да празнуваат одговорно и да се погрижат да го сочуваат сопственото и здравјето на најблиските.
-Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера – вели Спасовски во новогодишното обраќање.